Вработен во Брза помош - Скопје не бил на протестот против законот за јазици

Во врска објавата на граѓанскиот новинар Денис Јанкуловски „Вработен во Брза помош на протест против двојазичност“ би сакале да Ве информираме за следното:

ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје -Скопје  во последните 10 години нема направено јавна набавка на црвени униформи за вработените во Итна помош, ниту некогаш работната униформа им била во црвена боја.

Црвените униформи што ги има дел од персоналот се лично купени или земени од Црвен крст и на нив го нема истакнато бројот 194.

Имаме информација дека црвени униформи имале вработените од Итна помош од Велес и Штип, кои  се или добиени како спонзорство, или пак набавени од нивната здравствена институција, а дали на нив го има истакнато бројот 194 немаме сознание.

Покрај Велес и Штип официјално црвени униформи имале и вработените во Итна помош од Струмица.

Со оваа информација би сакале да демантираме било каква поврзаност на вработен од Итна помош -Скопје и негово присуство на протестот пред македонското Собрание против Законот за употреба на јазиците.

Ве молиме демантот да биде објавен.

ЈЗУ Здравствен дом на Скопје - Скопје

This post is also available in: English