На улица „Македонија“, пред споменикот на „Мајка Тереза“, на штандот на ВМРО ДПМНЕ, граѓански новинар на ЦИВИЛ, забележа малолетници кои делат промотивен материјал на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Дејан Јовановски.
Фотографиите и видеото ни ги испрати граѓански новинар, кој сака да остане анонимен. Политичката кампања започна пред девет дена, а досега забележани се низа прекршоци и инциденти. Користење на малолетници во изборна кампања е казниво со закон и е недозволено.
This post is also available in: English