ЦИВИЛ - Центар за слобода вчера во скопскиот хотел „Сити Парк“ одржа уште една работилница за дваесесеттина граѓански новинарки и новинари во Скопје.
На работилницата учествува дваесетина заинтересирани граѓанки и граѓани на кои, покрај куса презентација на проектот „Граѓански објектив“, им беа пренесени искуствата и успесите од работата на досегашните граѓански новинар(к)и на ЦИВИЛ.
Преку практични примери што предизвикале општествени и политички промени, учесниците на работилницата имаа шанса да чујат и да разговараат со претставниците на ЦИВИЛ и да научат како преку своите активности да влијааат за подобрување на состојбите во општеството како на локално, така и на национално ниво.
По теоретскиот дел на учесниците им е оставена можност и за практична работа во Скопје, односно за примена на технолошките придобивки за подготовка на видео и фото прилози, како и на анкети за актуелни локални проблеми. Најуспешните прилози ќе бидат објавени на веб страницата„Граѓански објектив“.
На заинтересираните активни граѓанки и граѓани, на располагање им стојат повеќе ресурси за обука во областа на граѓанското новинарство, како што се веб-страницата Граѓански објектив и Фејсбук страницата Грѓански новинар(к)и на Македонија.
Работилницата е дел од проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.