ЦИВИЛ - Центар за слобода продолжува со успешните работилници за граѓански новинари низ земјата. Во саботата, во Кавадарци, десетина млади граѓан(к)и имаа можност да учествуваат на работилницата и директно да се запознаат со граѓанското новинарство, светски тренд кој полека, но сигурно го освојува медиумскиот простор.
Преку практични примери што предизвикале општествени и политички промени, младите кавадарчан(к)и имаа шанса да чујат и да разговараат со претставниците на ЦИВИЛ и да научат како преку своите активности да влијааат за подобрување на состојбите во општеството како на локално, така и на национално ниво.
По теоретскиот дел учесниците ќе имаат шанса и за практична работа во Кавадарци и да ги применат технолошките придобивки за подготовка на видео и фото прилози, како и на анкети за актуелни локални проблеми. Најуспешните прилози ќе бидат објавени на веб страницата „Граѓански објектив“.
На заинтересираните активни граѓанки и граѓани, на располагање им стојат повеќе ресурси за обука во областа на граѓанското новинарство, како што се веб-страницата Граѓански објектив и Фејсбук страницата Грѓански новинар(к)и на Македонија.
Работилницата е дел од проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.