Шестиот регионален семинар за граѓанско новинарство при проектот „Граѓански објектив“ ќе се одржи на 22 и на 23 април (сабота-недела) во хотелот „Сити Парк“ во Скопје.
Програмата на семинарот и двата дена започнува во 11 часот, а завршува во 17:30 часот. Ова е последен семинар за оваа година. Од пристигнатите апликации ќе бидат одбрани 25 учеснички и учесници кои ќе аплицираат најдоцна до 18 април.
Право на учество имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка и сите околни општини.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса [email protected],
За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.
За да останете во допир со содржините поврзани со проектот, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.MKи посетете ја веб страницатa www.clp.mk.
Во текот на првиот ден на семинарот ќе се одржат предавања за основите на новинарството, медиумската писменост, активизмот, историјата на граѓанското новинарство и низа други интересни содржини.
Вториот ден е посветен на конкретни примери и обука за употреба на камера, а најинтересниот дел е практична работа на терен. На крајот од семинарот се прави евалуација на прилозите подготвени за време на практичната работа, можеби најзабавниот, но и најпоучниот дел од семинарот.
Предавачи се Џабир Дерала, Синиша Станковиќ и Петрит Сарачини, а на скопскиот семинар ќе имате можност да запознаете и неколку други неуморни ЦИВИЛи, авторки и автори кои секојдневно ја брануваат јавноста со своите извештаи, анализи, медиумски прилози и акции.
Се разбира, сите овие податоци ни оддалеку не кажуваат доволно. Семинарите на ЦИВИЛ секогаш се единствено искуство. Доколку вашата апликација биде прифатена, ќе дознаете многу повеќе за граѓанското новинарство, но и за ЦИВИЛ, за која велат дека е една од најинтересните организации во земјава и на Балканот, па и пошироко. Со овој семинар, добивате можност да станете дел од проектите и акциите на организацијата и во иднина.
Од почетокот на проектот во октомври 2015 година до сега, во семинарите и работилниците на ЦИВИЛ учествуваа над 300 луѓе, а доделени се 60 награди за граѓанско новинарство.
ЦИВИЛ одржа и голем број еднодневни работилници на кои можат да учествуваат максимум 10 учесници. Такви работилници ќе се одржат уште неколку во втората половина на оваа година.
Објективно, брзо и нецензурирано известување од лице место, користејќи ги технолошките придобивки, мобилен телефон, интеренет и социјални мрежи, е одлика на граѓанското новинарство ширум светот. Храбри и решителни, граѓанските новинарки и новинари се ноѓаат на фронталната линија во борбата против медиумското дезинформирање, искривување на вистината и непрофесионалноста, со што се соочува и новинарството во Македонија.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.
This post is also available in: Albanian