Средношколците ја започнаа училишната година на тетовскиот плоштад!

Средношколците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, кои учат на македонски јазик, училишната година ја започнаа денеска, но наставата ја одржаа на градскиот плоштад во Тетово, а не во своите училници. Учениците заедно со наставниците, на овој начин протестираа, барајќи од Општината и од надлежните институции да им изградат ново училиште.

Ова е ставот на дел од учениците со кои денеска разговараше Гезим Османи, граѓански новинар од Тетово.

 

20160926_102117

Околу 250 ученици од оваa гимназија, учат поделени во повеќе објекти во лоши услови, одделени од своите сооученици кои учат на албански јазик. Ова треба да е привремено решение. Според ветувањата на надлежните, учениците ја чекаат доградбата на централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, но веќе три години овој проблем не се решава.

20160926_102123

 

Уште во 2014 та година, градоначалничката Теута Арифи заедно со тогашниот министер за образование Абдулаќим Адеми, им ветуваа на учениците и започнаа и со активности за подобрување на состојбата и за решавање на овој проблем. Но, до денес се остана на ветувања.

Учениците следат настава во зградата на Работничкиот универзитет, без соодветни услови, со уништен инвентар и со нередовно греење.

Ова не е прв протест на средношколците во Тетово, откако започна учебната година. Претходно, тие протестираа и за превозот, затоа што, како што велат учениците, Општината не платила за превоз. Родителите на учениците се организираа и вложија свои средства за нивните деца да присуствуваат на наставата, иако им беше ветен бесплатен превоз и од Општината и од Владата.

Текст и фото: Гезим Османи


 

civiv-lenses-logo-en-copy-500x414Проект: „Граѓански објектив

This post is also available in: English