„Граѓански објектив“ промовиран во Старата Чаршија

ЦИВИЛ - Центар за слобода кај платото пред Унивезитетот на ЈИЕ, во скопската Стара Чаршија, го презентираше проектот „Граѓански објектив“, под мотото „За слобода! - граѓанското новинарство за слободата на изразувањето“

Пред присутните граѓанки и граѓани ЦИВИЛ проектираше видео-прилози на досега наградените трудови на граѓанските новинари кои учествуваа во наградниот циклус „Биди граѓански новинар“.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, им заблагодари на сите учесници во проектот „Граѓански објектив“ и ги охрабри да продолжат да бидат активни граѓанки и граѓани, да известваат, да снимаат и да објавуваат прилози за кршењето на човековите права и слободи, но и да учествуваат во следните активности во рамки на проектот кој продолжува уште една година.

IMG_1470

Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право низ интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со создавање и прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian