Лажна вест за составот на владата, немало и нема да има преговори за двајца премиери

Двајца премиери и три партии ќе бидат дел од новата власт, објави „ексклузивно“ весникот и интернет порталот на албански јазик Коха. Со малку лош превод и со дополнителни манипулации во текстот и насловот, и веб страницата Читај.мк на македонски јазик објави текст под наслов „Најнова вест: Ќе има двајца премиери – Три партии ќе бидат дел од новата власт“.

 

Лажна вест на Коха, 29 јули 2020

Весникот објавил дека, наводно, СДСМ ќе ја официјализира владината коалиција во која ќе влезат СДСМ, Беса, ДУИ и ДПА на јавна средба што ќе се одржи на 4 август. Понатаму, се наведува дека официјални лица од партиите за „Коха“ потврдиле дека веќе е договорено владата да ја водат двајца премиери и тоа, три години премиер од редовите на СДСМ и „една година премиер Албанец“.

Лажна вест на Читај.мк, 29 јули 2020

Тоа е ЛАЖНА ВЕСТ, бидејќи не постои таков договор. Тоа на својот Фејсбук профил го потврди и генсекот на ДУИ, Артан Груби.

Од СДСМ за ЦИВИЛ МЕДИА потврдуваат дека разговори за состав на влада ќе се водат дури по 4 август, а за премиерските позиции ниту се разговарало, ниту ќе се разговара.