Новинарот и водител Мишко Иванов кој вечерва (5.5.2020) ги интервјуираше лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24, објави порака што ја добил од Фејсбук корисникот Бобан Петровски. Пораката содржи вулгарности и говор на омраза.
Што да каже човек. Страшно. Овој поздрав ми стаса после двете интервјуа со Мицкоски и Заев. Не дека ќе нѐ исплаши, ама добро е да се види. Од што им ќутиме, мислат дека се плашиме. Ова мора да заврши. - напиша Мишко Иванов на својот Фејсбук профил.
Извонредниот новинар Иванов е во право - ова мора да заврши! Солидарноста и осудата на говорот на омразата во јавноста се исклучително важни за ваквиот начин на комуникација да се обесхрабри и истисне.
ЦИВИЛ во континуитет ја следи оваа појава и ја изразува својата солидарност со сите жртви на говорот на омразата. Организацијата јавно го осудува ваквиот начин на комуникација во јавноста и на социјалните медиуми и бара од институциитеимаат законска обврска да преземат законски санкции против говорот на омразата.
ЦИВИЛ Тим за комуникации
Што да каже човек. Страшно. Овој поздрав ми стаса после двете интервјуа со Мицкоски и Заев. Не дека ќе не исплаши, ама добро е да се види. Од што им ќутиме мислат дека се плашиме. Ова мора да заврши.
Gepostet von Misko Ivanov am Dienstag, 5. Mai 2020