Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 бара од Владата да се донесе одлука за целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања.
Од МВР се бара да врши постојан увид и контрола во состојба и почитување на мерката за собирање на групи и движење на граѓаните, не повеќе од пет како и запазување минимално растојание од 2 метри на следните локации: КЕЈ, Градски парк, Плоштад, Соколана и Парк кај градски базен.
Препорака до граѓаните да ги почитуваат само мерките донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Министерство за здраство, а не од непроверени извори.
Од општинскиот штаб известија дека од страна на неодговорни граѓани се оштетени и украдени апарати за прскање.
"Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција„. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини.Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили", се вели во соопштението.
Општинскиот штаб во општина Куманово бара од граѓаните да ги отстранат, непрописно паркираните возила на јавно прометни површини (тротоари и улици), за да може непречено да се врши дезинфекција на отворено." Во спротивно, не превземаме одговорност за евентуално оштетување на приватен имот", најавуваат од Општинскиот штаб Куманово.