Три гласачки места во Тетово преместени од Црвен Крст во ОУ Гоце Делчев

Општинската Изборна Комисија во Тетово за ЦИВИЛ потврди дека три гласачки места се преместени од објектот на Црвениот Крст каде се наоѓале до сега, во објектот на најблиското училиште О.У. “Гоце Делчев”.

Новата промена создаде забуна и реакција кај граѓаните кои дошле на местото каде до сега го остварувале правото на глас.

Артан Адеми од ОК Тетово изјави дека одлуката е донесена од ДИК поради немање потребни услови во срариот објект.

„Одлуката е донесена на време од регииналната канцеларија на ДИК бидејки во стариот објект на Црвен Крст нема услови за одвивање на изборен процес а одлуката и новата локација се официјално и на време објавени. Станува збор за гласачките места 1959, 1960, 1963″, изјави Артан Адеми од Општинската Изборна Комисија.

ЦИВИЛ Тим за комуникација