„Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст. “ - Универзална декларација за човековите права, чл. 1
подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА
И покрај многуте различности, сите луѓе без исклучок се исти по едно – имаат еднакви човекови права. Човековите права се цивилизациска придобивка и вредност, а нивното обезбедување, почитување и заштита се мисија и крајна цел на сите современи демократски општества.
Идејата за човековите права, достоинство и слобода е позната уште од античкиот период, како идеја за природно право на секој човек. Во тоа време таа била сфатена како природен закон – кој постојано бил прекршуван.
Историјата на човековите права може да се следи низ списите што сведочат за понатамошното обликување, преку првите ограничувања на моќта на владетелите во Големата повелба на слободата од 1215-та и Петицијата за правото 1628 година во Англија, па сè до определувањето на основните неотуѓиви човекови права Декларацијата за независност во САД од 1776-та и француската Декларација за правата на луѓето од 1789 година. Тие ограничувања го означуваат и почетокот на нивното легитимно воспоставување.
Поимот човекови права, во секојдневната терминологија и општа употреба влегува со донесувањето на Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, донесена во 1948 година.
Во развојот на вредносниот систем на човекот, тие претставуваат највисок дострел -синтеза на хуманата димензија базирана на религиозните, филозофските и правните сознанија, како и критериум за достигнатото ниво на развитокот на човештвото.
Човековите права, исто така го сочинуваат и најуниверзално прифатениот систем на вредности. Сепак, тој не нуди готови решенија за секоја животна ситуација одделно, туку на секоја индивидуа и го трасира патот кон односите со другите индивидуи или институции.
Човековите права по карактер се универзални, неотуѓиви, неделиви и меѓузависни. Тоа значи дека имаат иста важност за сите луѓе (било каде), не може да се изгубат, никој не може да одземе некое од правата (сите права се поврзани).
Личните човекови права (право на живот, слободен развој на личноста, заштита од напад…), граѓанско – политичките права (право на слобода на мислењето и изразувањето, на слобода на информирање, на непречено учество во политичкиот живот…), социјално-економските и културните права (право на образование, социјална сигурност, чесен надомест за работата, соодветен стандард на животот и здравје…), како и правото на мир, правото на развој и правото на зрдава животна средина се прокламирани во повеќе меѓународни документи, како споменатата Универзалната декларација за човекови права на ОН, или Европската конвенција за заштита на човековите права на Советот на Европа од 1950 година итн.
Појдовни точки, но и темелот на кој е изграден целиот концепт за човековите права се човековиот живот, достоинството, слободата, рамноправноста и солидарноста. Државите и институциите се должни да ги почитуваат, заштитуваат и исполнуваат човековите права, бидејќи тие не се доделени од некој специфичен општествен авторитет, туку се иманентни на секое човечко суштество.
Секој треба да ги почитува правата, слободата и достоинството на другиот, различниот, бидејќи взаемното почитување е одлика на хуманоста како врвна човечка одлика.
Меѓународниот ден на човековите права се одбележува на 10 декември (денот кога Генералното собрание на Обединетите нации, во 1948 година, ја има усвоено Универзалната декларација за човекови права.
Зелените движења во светот речиси без исклучок го прифаќаат концептот на човековите права и достоинство како дел од зелените вредности.
Линкови:
http://edu.goo.hr/wp-content/uploads/2017/10/LJUDSKA-PRAVA.pdf
https://www.inter.rs/magazin/dnevnik/liliana/prava-dostojanstvo-jednakost/
file:///C:/Users/namin/Downloads/Begic_Golubovic.pdf
https://www.pfsa.unsa.ba/pf/wp-content/uploads/2018/05/Ljudsko_dostojanstvo_u_pravu.pdf
file:///C:/Users/namin/Downloads/BS_3_4_89_Zsifkovits.pdf
http://www.maturskiradovi.net/forum/attachment.php?aid=2055
https://hops.org.mk/chovekovi-prava/
https://www.living-democracy.com/hr/textbooks/volume-3/part-2/unit-5/lesson-1/
https://www.europarl.europa.eu/ftu/pdf/hr/FTU_5.4.1.pdf
https://www.pfsa.unsa.ba/pf/wp-content/uploads/2017/11/Osnove_sistema_ljudskih_prava.pdf