Затворска и парична казна за навивачите кои шират национализам и говор на омраза - бараат граѓаните

„Казни до 10 години затвор“, „парични казни до 5 ијлади евра“, „забрана од 5 години за посета на спортски натпревари“, се само дел од коментарите на прашањето на ЦИВИЛ поставено на Фејсбук страната пред десет дена – Што мислите за национализмот кај навивачите групи, и како треба да се справат институциите со оваа појава?

Еве дел од коментарите:

Александар Кондев пишува: „Навивањето е страст, дружење, веселба, но секако не е „политика“… Спортот се злоупотребува уште од фашистичка Германија, Олимписките игри 1936 година, навивачите стануваат топлпа за сеење страв. Се сеќавате на Аркан и компанија… ама тоа се прави со дозвола од полиција и судовите. Маргарет Тачер докажа на најубав начин како хулиганите да се одвојат од вистинските љубители на спортот. Едно време и кај нас овие банди водеа „висока политика“, случајот „Кале“ со Шверцерите и Комитите, каде се измешаа наука, политика, историја и религија… Водачите ги знаете, тие и денес се во врвот на политиката кај нас. Тешко ќе се расчисти ова додека тие луѓе седат во пратенички клупи или се во високи функции.

Илирида Емале пишува: „Лесна работа, ако сакаат институциите да го решат овој проблем. Прво забрана за влез во стадион, второ удри по џебовите со казни околу 5.000 евра по човек, па ќе се види позитивниот резултат. Земето го примерот со Англија, потоа ги извадија дури и решетките до самиот терен. Ако се сака сè се може, туку некому не му одговара“.

Миесер Саити вели: „Мора да се справат, но тоа не е можно бидејќи и институциите се полни со такви, само облечени во одела и службени униформи“.

Олга Долица пишува: Пред секој спортски настан 24 часа во притвор, ако прават проблем и 1.000 евра казни, и повторно 24 часа притвор.

Џенгис Агуш пишува: „До вчера овие навивачи беа пулени на власта, го билдаа национал-шовинизмот. Треба строга примена на законите“!

Александар Тодоровски пишува: Како во Англија, забрана 5 години за појавување на спортски настани. Па да станат рибари…

Ненад Поповиќ вели: „Видете како го има решено проблемот г-ѓа Тачер. Три години пред празни стадиони“.

Горан Цветановски пишува: „Не се проблем таканаречените навивачи. Проблем се центрите кои ги финансираат и инструираат. Еден српски аналитичар има кажано дека тоа се ликови (таканаречените навивачи) кои апсолутно ништо друго не умеат да направат за да стигнат да бидат присутни во медиумите – а овие “активности“ баш лесно ги стваат во сите медиуми, и тие тогаш се чуствуваат многу среќно“.

Шабан Амети вели: „Многу лесно се решава со затвор од 10 до 20 години, па нека играат на карта на национализмот, ама да има рамноправна правда за сите без исклучок.

Зоран Јанакиески коментира: „Прво да им се скратат финансиите кои и не се мали, а казните да бидат огромни и да се забрани спорт во секој категорија што предизвикува штета“.

Виктор Фронски вели: „Само „Голи оток“ и во јуни, јули и август по 12 часа да кршат камења. Во здраво тело, здрав дух“.

Кадри Демири вели: „Многу едноставо, државните органи, МВР и ОЈО да ги почитуваат законите и тоа е сè.

Ана Симонова вели дека прво треба да се справат до себе, да ги употребат мозочните функции, тогаш институциите ќе немаат потреба да дејствуваат.

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години.

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Д.М.