Тоа што го започна претходниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, го продолжи актуелниот градоначалник Златко Марин, односно започна изградбата на осумкатницата кај „Мајчин дом“ во Аеродром.
„Почна изградбата на парцелата од каде Златко Марин ги собираше гласовите ветувајќи дека ќе ја стопира изградбата. Дозволата за градба, (според некои медиуми) ја издаде додека траеше референдумската кампања“, вели граѓанскиот новинар Дамјан Темков.
Во изминатиов период имаше низа протести, а граѓаните организираа и маалски фудбал на зелената површина, односно на местото каде што започна изградбата на зградата.