Закани и говор на омраза на симпатизерите на Левица по реакцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска дека пораката „Децата крв ќе ви плукаат” што ја испрати, а потоа ја избриша лидерот на Левица, Димитар Апасиев е скандалозна, екстремна и заканувачка.
„Кога ќе се тргнете од власт, за вас суд ќе решава, а за вашите го…јадачи ние народот ќе решаваме има да квичат навистина како куче…“, гласи една од заканувачките пораки од Миле Јанкуловски.
Митко Димитров одговара на реакцијата на СДСМ дека пораката „децата крв ќе ви плукаат“ не е говор на омраза туку тоа ќе се случи.
Дали надлежните институции ќе преземат мерки за ваквите закани, односно дали лидерот на Левица ќе одговара за поттикнување на насилство?
Мониторинг тим на ЦИВИЛ