Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права, стартува со панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“, денеска, со почеток во 12 часот, во хотел Парк Резиденс, Скопје.
https://www.facebook.com/civil.mk/videos/200840128190193
Изборните реформи е тема на која долго време се дискутира и кои и покрај измените што се воведуваат од еден до друг изборен процес, сепак се далеку од реформи што ќе придонесат кон целосна демократизација на самите процеси, а ќе бидат во најдобар интерес на граѓаните, односно гласачите.
На панелот како говорници учествуваат Оливер Деркоски, претседател на ДИК, Катица Николовска, член на ДКСК, Радмила Лазареска Геровска од Министерство за правда и Благица Димитровска, претседателка на здружението Инклузива. Претставници од ЦИВИЛ ќе бидат Петрит Сарачини и Џабир Дерала. Панел дискусијата ќе ја модерира Биљана Јордановска.