Државната изборна комисија утврди дека од вкупно 1.841 граѓани што се пријавиле за гласање во диполматско-конзуларни претставништва и конзуларние канцеларии во странство, право на глас имаат 1.835 граѓани.
Како што утврди ДИК, во 15 ДКП се прифатени помалку од 10 гласачи и тоа во Анкара, Астана, Атина, Варшава, Доха, Каиро, Киев, Мадрид, Москва, Нзу Делхи, Пекинг, Подгорица, Солун, Софија и Тирана, меѓутоа гласањето нема да се спроведе и нема да се испратат избирачки одбори. Оваа одлука ДИK ја донесе врз основа на член 165 став 3 од Изборниот законик според кој избирачко место не може да се определува за населено место во кое живеат помалку од десет избирачи и во ДКП односно конзуларните канцеларии каде има пријавено помалку од десет избирачи за гласање.
На 21 април, според конечната одлука на ДИК, во странство ќе гласаат 1.781 граѓани во 32 ДКП и тоа во Абу Даби, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција, Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Камбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк, Осло, Отава, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго.
ДИК ја задолжи стручната служба да ги извести лицата кои поднеле пријави за гласање во ДКП и конзуларните канцеларии дека ќе можат да гласаат во избирачките места на кои се распределени.
Што се однесува до јавниот увид во Избирачкиот список што траеше од 23 февруари до 14 март, според информациите на ДИК, вкупно 53.972 граѓани се провериле во ИС.