Државната изборна комисија го објави целосниот извештај за Јавниот увид во Избирачкиот список што започна на 23 февруари и заврши на 14 март, на полноќ.
Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведе во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа.
Како што известуваат од ДИК немало никакви проблеми при проверката на податоците во Избирачкиот список. Граѓаните увид вршеа на состојбата на податоците што се однесуваа на граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на гласањето, 21 април, умрени лица 30 дена пред распишувањето на изборите, 9 јануари и на другите податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите, 8 февруари.
Според извештајот на ДИК, вкупно 53972 граѓани извршиле проверка во Избирачкиот список. За 517 граѓани се носи решение за запишување во ИС, за 412 граѓани добиле решение за бришење на податоците од ИС и 129 извриле промена на податоците. Само едно лице побарало понишување живеалиште при увид во Избирачкиот список.
Според податоците најголем број на граѓани од општина Струмица, вкупно 3691, извршиле увид во Избирачкиот список.
Што се однесува, пак, на извештајот на пристигнати пријави за гласање од ДКП до 15 март, вкупно 1825 граѓани се пријавиле за гласање во странство. Најмногу прифатени пријави има во Венеција, вкупно 251.
Б. Ј.