(Не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество се само дел од темите за кои ќе се разговара во Градски парк вечерва.
Најчевска, Максути, Бачовска, Тахири, Муратов, Здравевска, Дерала и други ќе бидат дел од вечерашниот мултимедијален настан и панел дискусија на на ЦИВИЛ на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот.
(Не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество се само дел од темите за кои ќе се разговара во Градски парк вечерва.
Проекции на видео прилози и презентации за проектот Граѓански објектив, како и за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе се одржат од 20 до 21 часот, по што ќе се одржи и панел дискусијата.
Овој настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.