ЦИВИЛ ќе одржи уште два бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 2 и 3 април (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат до 17:00 часот.
Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството, медиумската писменост и начините на кои можат да се вклучат во работата на ЦИВИЛ.
За учесниците на вебинарите ќе бидат обезбедени електронски Сертификати за учество, а добиваат и можност да се вклучат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ, како и во други организации и иницијативи на граѓанското општество.
Основи на новинарското известување, етика, лажни вести, хибридни закани и мониторинг на изборите и политичките процеси се дел од темите на вебинарот.
На програмата се презентации од Џабир Дерала, Сашо Орданоски, Петрит Сарачини и Зоран Иванов, како и членови на продукцискиот и проектниот тим на ЦИВИЛ. Не пропуштајте да се пријавите.