Црни потерници и во Велес

Во Велес по примерот во Скопје, утрово осамнаа „потерници“ по личности кои се дел од коалицијата „За живот во Македонија“. Како што јавува граѓански новинар од Велес овојпат на потерницата стои фотографија на Панче Иванов, пратеник од Велес од редовите на коалицијата „За живот во Македонија“.

 

Вчера на повеќе локации низ Скопје се појавија вакви идентични потерници со фотографиите на Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Стево Пендаровски.

This post is also available in: AlbanianEnglish