Граѓански новинар испрати прилог - фотографија и информација за задолжителна евиденција на учесниците во протестите, каде што присуството се евидентира и со потпис.

Евиденција пред МК ВМРО-ДПМНЕ „Дебар Маало“, 17 март 2017, прилог од граѓански новинар
Речиси идентична сцена регистрира и тимот на ЦИВИЛ Медиа на првиот ден од протестите на Црната револуција, на 27 февруари. Зборно место на евидентирање на присуството на учесниците на овие „граѓански протести“ е канцеларијата на МК ВМРО-ДПМНЕ „Дебар Маало“.

Евиденција пред МК ВМРО-ДПМНЕ „Дебар Маало“, 27 февруари 2017, фотографија од тимот на ЦИВИЛ Медиа