ЦИВИЛ – Центар за слобода прибира пријави (апликации) за краткорочни и долгорочни набљудувачи на изборниот процес. Предност имаат оние што веќе биле набљудувачи за организацијата во претходните изборни процеси, како и оние што ги посетувале семинарите за граѓанско новинарство. Сепак, сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција. Едно од правилата е дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено. Партиски активисти немаат право на учество во овој повик.
Организацијата, позната по објавувањето на ставовите и фактите за реалноста без калкулирање и цензура и по бескомпромисната борба за човекови права и слободи, спроведува долгорочен мониторинг на општествено-политичките и изборните процеси и состојбата на човековите права.
ЦИВИЛ останува отворена за учество на сите граѓанки и граѓани со можноста да пријавуваат случаи на повреда на човековите права, како и изборни нерегуларности, поткуп на гласачи, притисоци, закани, говор на омраза и насилство. Воедно, се отвораат и нови позиции во повеќе општини низ земјата.
Посебен фокус на мониторингот на ЦИВИЛ во наредниот период ќе биде политичкото финансирање, корупцијата, национализмот и екстремистичките тенденции во земјата.