По зимскиот распуст се вративме назад во училишните клупи, a ЦИВИЛ Млади се враќаат и со „Преку аудиовизуелизација и дебата до полесно и поефикасно учење“. Следната дестинација на која ќе се упатиме е СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“.
Во „Васил Антевски Дрен“ ќе го проектираме филмот „Најсреќната кикиритка во светот“ кој ја наметнува тематиката за проблемите на либрализацијата, светскиот пазар и Светската банка, потоа следува кратка презентација која подетално ќе не упати во овој „проблем“ за подоцна да развиеме конструктивна дебата на оваа тема.
Настанот ќе се одржи на 30 јануари, вторник, во 12:15 часот.
Ова може да биде поттик за сите основни и средни училишта да организираат што е можно повеќе вакви настани со кои преку аудиовизуелизација (филмчиња, презентации, клипчиња) и дебата младите, пред сè полесно ќе научат и ќе ги запомнат темите за кои дискутираат, а и ќе ја разбудат креативноста и почитувањето на различните ставови и мислења.
Доколку сакате, а не сте во можност да направите ваков настан во вашето училиште можете да се обратите на ЦИВИЛ (ЦИВИЛ Млади) и ние ќе направиме сè што можеме да дојдеме и да направиме еден неформален интересен настан од кој сите ќе научиме нешто повеќе.
Настанот го организираме во соработка и поддршка на ЦИВИЛ-Центар за слобода и Македокс.
Давид Стојановски