ЦИВИЛ на 23 и 24 март во Штип организира уште еден голем семинар за граѓанско новинарство. Дводневниот семинар за граѓанско новинарство ќе опфати теми што ќе им помогнат на сите идни граѓански новинарки и новинари да изградат вештини и да стекнат практични знаења од областа на новинарството, објективното и навременото информирање и известување, како и за придобивките на модерните технологии и комуникациски платформи.
Учесниците ќе можат да се запознаат и со нови компоненти на проектот, преку кои е олеснето директното учество на сите заинтересирани во имплементацијата на проектот, дел од тимовите на медиумската платформа или во работата на ЦИВИЛ како организација, воопшто.
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа и за долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права и изборните процеси. Овој проект веќе четврта година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.