ЦИВИЛ новата 2020 година ја стартува со два семинари за транспарентни и одговорни политички процеси наменети за Полошкиот и Југоисточниот плански регион.
Семинарот во Гостивар ќе се одржи на 25 јануари, во хотел Бунар (во центарот на Гостивар), а право на учество имаат апликантите од општините во Полошкиот плански регион: Гостивар, Тетово, Врапчиште, Брвеница, Желино, Боговиње, Теарце, Јегуновце, Кичево, Маврово и Ростуше.
Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Гостивар
Семинарите е дел од проектот „Граѓански објектив“, и претставува одлична можност за активно учество и придонес кон промовирање на човековите права и слободи, запознавање со вештините на мониторингот и новинарското известување, како и можност за воспоставување долгорочна соработка со ЦИВИЛ. Ова особено е важно во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, кои ЦИВИЛ ќе ги мониторира.
Затоа, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од тимот на ЦИВИЛ и да дадете свој придонес кон транспарентни и одговорни политички процеси, особено преку набљудувањето на изборите.
Доколку сакате да станете кандидат за мониторинг тимот, сè што е потребно е да се пополни пријавата за учество на некој од семинарите кои ЦИВИЛ ќе ги организира во наредниот период.
This post is also available in: English