Има различни дефиниции за хибридни закани и хибридни напади, но тие вклучуваат не само дезинформации туку многу повеќе. Вклучуваат и пропаганда, шпионажа, саботажа и класични напади, можеби не вооружени напади со употреба на сила како на времето што било класична војна, но некакви форми на закани на агресија, класични да речеме, затоа е и терминот хибридна војна што имплицира дека се е измешано помеѓу класични дистинкции помеѓу војна и мир, меѓу цивили и не цивили, војници поранешно, структурите кои се инволвирани во превенирање и реагирање на овие закани, порано што безбедносните сили, војска и армија па денес гледаме се повеќе потреба од инволвираност на цивилни структури и институции да соработуваат со класични безбедносни за да реагираат на овие хибридни војни, истакна доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, м-р Љупчо Стојковски на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
„Тоа што јас сакав повеќе да се фокусирам во мојот говор е не толку колку што првите двајца говорници зборуваа за хибридни закани од пониски перспективи, што треба институциите да направат туку да му пристапам на проблемот од меѓународно право и правен аспект да видиме колку се проблематични хибридните закани и војни од оваа перспектива.
И од оваа перспектива, иста како полиси перспектива, се прилично проблематични, затоа што самата дефиниција што треба државите да прават правно кога се нападнати не кореспондира со класичното меѓународно право што било зацртано со повелбата на ОН од 1945 па до денес што важи.
Класично меѓународно право кога државите се нападнати под некој вооружен напад им се активира право на самоодбрана, како да се заштитат, имаат право на самоодбрана. Низ јуриспруденција на меѓународен суд на правда, се дефинира дека за вооружен, да се смета некоја активност за напад, треба да достигне одредено ниво на одреден интензитет. Ако употребата на сила е под тој интензитет, не може да се активира правото на самоодбрана, може државите да преземат други мерки.
Проблемот со хибридни закани, хибридни напади, истиве дискусии се јавија пред десеттина години или повеќе, кога беа актуелни сајбер напади, денес со хибридни инкорпорирате сајбер напади ама се многу повеќе не само сајбер напади. Дискусиите се јавија дали сајбер напади и хибридни напади можат да активираат право на самоодбрана. Секако дека не можат да активираат и тоа е главната одлика на хибридни закани што одат под радарот, тие се по субверзивни во нивните функционирања и методи и штетата што ја прават за да може да се активира класично право на самоодбрана на државите. Сега државите остануваат со врзани раце како правно да дејствуваат, дозволено.
Ќе зборуваме после што е проблемот, ќе ги зборувам проблемите потенцијални, правни на хибридни закани предизвикани од државни актери, како што рековме една од карактеристиките на хибридни напади се тоа што некогаш и не државни актери се инволвирани, што е уште по проблематично, кој стои позади нападот е уште по проблематично. Државите имаат различна правна палета како можат да реагираат. Еве гледаме на пример гледаме САД за мешањето на Русија во последните избори и наметна санкции, пример економски санкции се не правно дозволен метод. Друг метод се реторзиите, реторзивни мерки да протераат дипломат се исто правно не дозволиви мерки. Но гледате дека сите овие се реактивни мерки и не вклучуваат употреба на сила, не може исто да се врати затоа што природата на хибридната закана е недефинирана. Многу е тешко да се одговори адекватно на таква закана.
Уште по проблематично е како што рековме да се одговори на не државни акти. Вие немате тука дипломати, на кого ќе наметнете санкции, ако се терористички организации или мешани некои терористички организации, какви и да има денес субјекти не државни кои се инволвирани во хибридни закани. Значи уште по проблематичен одговорот од правна перспектива дали е легален, а тек не ги зборам спорни против правни одговори како на пример репресалии, каде што има некаква употреба на сила, што е сива зона во меѓународното право дали е дозволено или не.
И конечно сакам да завршам, гледате фокусот на овие одговори се реактивни, а фокусот на првите двајца говорници е дека зборуваа за некакви превентивни стратегии. Тоа е исто еден голем проблем на хибридните закани освен што идат под радарот и се недефинирани, е што е многу тешко да се направи ефективна стратегија која што е превентивна, затоа што не знаете од каде ќе дојде, не знаете што ќе направи. Дали ќе нападне дезинформации, избори или критична инфраструктура, не се знае точно кој ќе биде таргетот. И затоа одговорите на државите од пракса се фокусираат на реакција, колкава и да е желбата тоа со превенција да се направи, да се покрене свест и така натаму, не се знае кога ќе дојде и од каде ќе дојде заканата. Тоа е проблемот“, истакна Стојковски.
Ирена Крџиќ
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Игор Чадиноски