СКЕН – Трогателна приказна на Лидија Лазова, жртва на режимот

Лидија Лазова е една од 86 приведени во случајот Калдрма, во за фалсификување на фискални сметки за наплата на патарини. Калдрма беше една од акциите на МВР која бомбастично медиумски беше покриена, повеќе за целите на пропагандата на тогашниот режим.

Но, она што останува забележано, не е самиот случај и казните туку условите во затворите каде ја отслужуваа казната. Приказната на Лидија, несомнено жртва на режимот, е трогателна сторија за бесчувствителноста и слепата верност во еден систем кој создава монструми без трунка човечност и хуманост.

Во оваа издание на СКЕН ја пренесуваме нејзината трогателна приказна, за неа, нејзините колеги и сите оние што на некој начин завршиле зад решетки во времето на груевизмот.

ЦИВИЛ ја организираше панел дискусија под наслов „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, за да не се заборават злоделата на еден режим што цела деценија ја злоупотребуваше државата, а особено полицијата, судството и медиумите. Секој обид да се изрази поинакво мислење, го санкционираше со апсења, тортура, монтирани судски процеси и линч во медиумите и на социјалните мрежи.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски
во соработка со Владимир Перчуклиевски 

This post is also available in: English