Пописот закажан за месец април, на Република Северна Македонија и е мошне потребен. Не само затоа што државата нема направено попис и е практично единствената држава во светот која не ја спровела оваа статистичка операција цели две децении, туку и дека пописот е елементарна основа како за детектирање на актуелните демографски, економски и социолошки состојби, така и нужна за планирање на севкупниот општествен и економски развој на земјата. Тема на политичкиот магазин скен СКЕН: „Сите на попис - политиката на страна“.
„Претстојниот попис е чисто статистичка операција и нема простор за никаква политизација“, рече директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, на панел дискусијата „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во организација на ЦИВИЛ. Тој додаде и партиите нека си ги земат заслугите, само нека го промовираат успехот на пописот.
Директорот на Државниот завод за статистика посочи дека денес на пазарот на трудот има огромен недостаток на работна сила, пописот тоа прецизно ќе ни го покаже и ќе овозможи да создаваме услови за враќање во земјата на нашите граѓани кои работат во странство.
На оваа линија беше и Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, кој посебно го истакна значењето на пописот за локалната самоуправа каде што практично луѓето егзистираат во своето секојдневие.
„Без попис не може ни бизнис да се води. Попис мора да има барем еднаш во 10 години, со цел да ги следиме и економските и општествените движења и да создадеме услови за побрз економски развој“ изјави Шилегов.
Новинарот Дехран Муратов посебен акцент стави на анти кампањата за пописот лоцирајки ја ѝ во средините на припадниците на помалите етнички заедници.
„Во недостаток да понудат политичка програма, одредени политички субјекти кои потекнуваат од тие етно средини се наметнуваат да го искористат амбиентот за попис за остварување на свои амбиции во политиката и сето на сметка на успешноста на пописот“, вели тој.
Спротиставувајќи се на ваквите појави, Муратов рече дека ние луѓето не сме бројки и правата на граѓаните не би требало да произлегуваат од бројноста на одредени етнички заедници.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
This post is also available in: English