Силба -Иницијатива за дијалог и демократија (SILBA – Initiative for Dialogue and Democracy) е младинска организација од Данска која беше дел од странските набљудувачки мисии за претседателските избори.
Силба распореди 14 краткорочни набљудувачи во 7 општини во Скопје кои посетија вкупно 51 избирачки места во општините Аеродром, Шуто Оризари, Бутел, Чаир, Центар, Карпош и Гази Баба. Нивниот извештај се однесува само на овие општини и не може да се рефлектира генерално на целата земја.
Како што соопштуваат во нивниот прелиминарен извештај, нивните набљудувачи не се соочиле со проблем во врска со видливоста на процедурите за отворање. Немало неовластени лица да се евидентираат како присутни за време на постапките за отворање, а се била присуство на полицајци надвор од избирачките места, како и на акредитираните набљудувачи
Меѓудругото набљудувачите на Силба забележале два случаи во кои палците на гласачите не биле проверени со УВ ламба. Нивните набљудувачи забележале и дека не биле испочитувани официјалните јазици во државата за гласањето, а и неколку случаи каде лица со посебни потреби не можеле да пристапат до избирачките места.
.Препораките на Силба се стандардизација на запечатување на кутиите за гласање во однос на бројот и пласманот пластични пломби, обезбедување конзистентност во сите избирачки места, за време на процедурите за затворање, на методологијата, сортирањето на гласачките ливчиња и употребата на Viber за да се пренесат резултатите од записниците, осигурување дека структурата на гласачките места е во состојба да обезбеди тајност на гласањето, обезбедување на официјални копии на англиски јазик од Државната изборна комисија за меѓународни набљудувачи по приемот на акредитацијата.
На 18 април, во просториите на Old School Cafe, Џабир Дерала од ЦИВИЛ одржа презентација на младите набљудувачи на Силба. Дерала зборуваше за политичкиот систем, и изборните процеси на Република Северна Македонија, како и за активностите на ЦИВИЛ и нивната вклученост во изборниот мониторинг.