Загрижен граѓанин, особено со трагедијата што настана во пожарот во Тетово, каде животот го загубија мајка и нејзините четири деца, побара одговор од надлежните институции за избегнување на вакви трагедии.
Граѓанскиот новинар, рволтиран поради доцнењето на противпожарната служба во Тетово, токму поради закочениот сообраќај, што подразбира, блокирање на тесните улици од неправилно паркирани возила, побара одговор и од МВР:
„#БарамОдговор од Општина Тетово и Министерството за внатрешни работи до кога ќе дозволува паркирање на сред улица и блокирање на сообраќајот?“ и очекува дека не само што ќе добие, туку и реално повиканите институции ќе преземат нешто.