„Фејсбук група деновиве ја критикува Армијата за пост на еден нејзин припадник. Индикативно е дека оркестрираната критика е за пост објавен во 2014 година од страна на припадник кој се вработил во Армијата во 2016 година – во времето на претходната Влада – а критиката е насочена кон сегашната“, пишува министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Индициите за несоодветната содржина на пост објавен во 2014 година на ФБ профилот на Наим Сулејмани, согласно надлежностите на Армијата, ќе ги испита Комисија во матичната единица на припадникот на Армијата. Наим Сулејмани станал припадник на Армијата од 2016 година. Постот е со датум две години претходно. Но, со оглед на тоа што секој припадник на Армијата треба да ја претставува својата држава достојно и во работното и во приватното време, Комисијата во неговата матична единица ќе ги истражи сите аспекти на индициите, објавени 7 години подоцна. Ќе го расчистиме и овој случај кој нарачателите на скандали од нивно време, пропуштиле да го спречат кога требало“, истакна Шекеринска.