Секој длабоко во себе да ја пронајде македонската искра

Филип Петровски еден од кандидатите за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на протестот пред присутните симпатизери истакна дека нема да дозволи патриотите да бидат во затвор. Тој најави радикализирање на протестите во сите градови низ државата и ги повика сите длабоко во себе да ја пронајдат македонската искра. Граѓанскиот новинар кој ни испрати текст и видео, сака да остане анонимен.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден во 17 часот блокира неколку крстосници во Скопје. Неколкумина граѓани со неколку возила го блокираат речиси цел град. Се поставува прашањето, што ќе се случи доколку има потреба да помине брза помош или пожарна? Доколку некој настрада, или умре поради блокираните улици и ненавремено реагирање на надлежните органи, кој ќе ја презеде одговорноста?

Видовме дека сите креваат раменици и тврдат дека никој не е виновен за упадот во македонското Собрание, меѓутоа дали доколку има жртви или судири помеѓу револтирани граѓан(к)и и демонстрантите кои блокираат крстосници, повторно нема никој да ја преземе одговорноста?!