Во Општина Тетово се зголемува процентот на излезеноста на претседателските избори по 10 часот. Општинската изборна комисија информираше дека до 13 часот во Тетово гласале вкупно 13,928 лица или 16.71% од гласачкото тело во оваа општина. Ова бројка покажува зголемување на излезеноста имајќи предвид дека во првите три часа, од 7 до 10 на гласање излегле само 3.58%. Гласањето тече нормално и без проблеми или инциденти.
Едиствена забелешка се жалбите на некои граѓани и граѓанки кои не се нашле во Избирачкиот список. Од ОИК тврдат дека станува збор за лица кои до затворање на Избирачкиот список немале исправни лични документи и истите не се провериле и пријавиле во време на јавниот увид.
А. Зеќири