„Пописот треба да се одржи бидејќи е од исклучително значење за државата. Ние не спроведовме 20 години попис и не ги знаеме точните бројки. Во пописниот регион 11 се наоѓаат општините Гевгелија и Дојран со кои имаме одлична соработка и ни ги обезбедија сите потребни услови за работа, вели Ката Ристова, раководител на општина Гевгелија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ во Гевгелија „Попис: Статистика, не политика“.
„Според последниот попис од 2002 година во овие две општини има околу 25 илјади жители, но дали ќе имаме толку жители сега ќе покаже овој попис што ќе се спроведе сега.
За овие две општини потребни се 88 попишувачи, а се пријавија повеќе од 100 лица.
Досега се почитувани сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19. И во иднина сите попишувачи строго ќе ги почитуваат мерките за спречување на ширење на пандемијата.
Во оваа година нема да има пенкала, моливи и хартија за попишување, туку овој попис ќе се спроведе преку лаптоп компјутери“, вели Ристова.
This post is also available in: English