Разрешениот судија Владимир Панчевски во овој предизборен период споделува содржини со говор на омраза и пласира лажни вести на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук во корист на ВМРО ДПМНЕ. Инаку тој во декември 2019 година беше разрешен од својата функција претседател на Основиниот суд Скопје 1 поради манипулации со распределбата на предмети во судот.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа дека на неговиот Твитер профил, освен дезинформации и говор на омраза коишто тој ги пласира, често споделува и објави од профили - партиски ботови на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Панчевски пред три дена на Фејсбук и Твитер објави монтирано видео со наслов „КРУЈЕМИНИСТРИН ШИПТАР“, и пишува дека спотот е изработен од СДСМ, и дека тие го подржуваат предлогот на ДУИ за премиер Албанец. Во коментарите, може да се забележи поддршка кон изјавата на Панчевски во која пишува: „Дали Македонците повторно ќе бидат измамени и доведени во состојба на потчинетост во сопствената држава, дали оваа фашистичка колаиција која досега ги силуваше трпението и војлата на македонскиот народ, најавува нова изборна измама?“, пишува Панчевски.
Оваа лажна вест од Фејсбук профилот на Панчевски ја споделиле 16 профили, има десетина коментири и над стотина реакции. Помеѓу тие што ја споделиле објавата на Панчевски е и Фејсбук страницата „Македонски Патриоти Macedonian Patriots“ додавајќи коментар за плашење на граѓаните дека „доколку СДСМ дојде на власт до 2022 ќе нема и држава“.
И на професорката Тања Каракамишева и се допадна објавата на Панчевски на Твитер.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ меѓу другите објави на Панчевски, забележа и говор на омраза кон ЦИВИЛ. Тој на својот Фејсбук профил објави видео од иницијативата „Гласај“ на ЦИВИЛ, со коментар: „Ова е Перо (Арсовски), на Џабир другарче од Цивил од кампањата „гласај“, ова десно е што мислат луѓето за Перо“!
Истата објава еден час подоцна се појавува и на Фејсбук профилот на Миленко Неделковски. На објавата има десетици коментари, со говор на омраза кон Перо Арсовски.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Исто така лажните вести и дезинформации не носат никому добро, напротив, тие се за една употреба и служат само за дезинформирање на граѓаните. Граѓаните имаат право на точни информации, а не на шпекулации и дезинформации...
Мониторинг тим на ЦИВИЛ