Рашиди: Колку послободен самиот, толку повеќе слобода и за другите

НАЗИМ РАШИДИ, новинар

Кога ми побараа да го изнесам мојот став за 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на медиумите, сакав да напишам нешто повикувајќи се на големите изреки на релевантни автори и политичари кои придонеле толку многу за оваа слобода низ историјата. Но ми изгледа дека ќе има повеќе тежина и суштина, и за времето во кое сме, но и за одбележувањето на денот, описот на еден разговор.

Забележав дека еден мој познаник го променил убедувањето, или барем омекнал, за разлика од екстремните ставови што пред тоа ги изразуваше околу феномените во општеството. Но ова е слободата му реков. Многу е важно да си јасен со себеси за убедувањата кои ги имаш или кои ги менуваш.

Суштината на слободата на мислење и изразување, што е и слобода на медиумите, е да бидеш што сакаш, да смениш мислење колку пати сакаш и да не бидеш осуден или казнет од другите. Сигурно, додека го правиш ова, не треба да им штетиш на другите.

За мене, ова е правилото со кое живеам и со кое треба да живее и општеството. Затоа и не можам да го разберам наметнувањето и насилството од властите или режимите кога се изразува мислењето. Толку повеќе што ова насилство се прифаќа како добар модел.

И изгледа лесно да ја сакаш слободата, но не е секогаш, бидејќи слободата е голема одговорност, затоа што те „принудува“ да го браниш другиот и кога не се согласуваш. Ако се чувствуваш слободен, нема зошто да ти пречи мислењето на другиот. Но ова не треба да биде тешко, ако ова правило е начин на живеење или убедување.

„Тешкотијата“, може да се појави само тогаш кога треба да се соочиш со истомислениците и кога ќе се определиш и самиот, затоа што го браниш правото да бидеш и да мислиш поинаку. Но, сепак ако си јасен со себеси ова е ОК, бидејќи ова е битката, мојата, нашата, на сите оние кои веруваат во слободата.

Затоа овој пат, без цитати на големи зборови, со повеќе рефлексија за слободата на мислењето, на изразувањето, убедувањето, на тоа персоналното. Колку послободен самиот, толку повеќе слобода и за другите.


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.