Работилница за граѓански новинари во Тетово

Младите граѓански активисти од Тетово на Градскитот плоштад имаа можност да присуствуваат на отворената работилница за граѓански новинари. Дополнително мотивирани од предавачите Петрит Сарачини и Синиша Станковиќ, учесниците беа расположени да разговараат за локални теми и за прашања кои ги мачат тетовчани секојдневно.

IMG_8535

Учесниците на обуката беа запознати со практичните алатки кои можат да ги користат за поуспешно граѓанско новинарство и активизам, и со наградниот циклус „Биди граѓански новинар“, на кој можат да учествуваат и да бидат наградени за своите прилози. Во вториот дел на работилницата тие и практично, на ерен, се обидоа да ги направат своите први фото и видео прилози како граѓански новинари.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy