Поради зголемениот интерес за граѓанското новинарство ЦИВИЛ организира работилница за уште десетина заинтересирани скопјанки и скопјани на 19 јули од 16:30 до 19 часот.
Сите заинтересирани граѓанки и граѓани можат да се пријават преку пополнување на онлајн формулар или преку електронската адреса [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.
ЦИВИЛ –Центар за слобода ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со своето активно учество и влијание на политичките и општествените промени на локално и централно ниво.
По теоретскиот дел од обуката граѓанските новинари ќе имаат практична работа со снимање видео стории, фотографирање, правење анкети… по што следува евалуација на нивната работа.
За допонителни информации заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.
Граѓанското новинарство е нов бран на медиумската слобода што го промовира објективното и нецензурарано информирање ширум светот користејќи ги технолошките придобивки допирајќи до јавноста преку интернет и социјалните мрежи побргу од традиционалните медиуми.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.