ЦИВИЛ ги повикува сите храбри, енергични и талентирани граѓанки и граѓани кои имаат интерес и пасија за новинарство и човековите права и слободи на работилница како дел од проектот “Граѓански Објектив“.
Работилницата ќе се одржи во просториите на ЦИВИЛ во четврток, 25 јануари, од 16 до 18 часот.
ЦИВИЛ ве охрабрува да бидете дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари, како и дел од промените во општеството. На работилницата ќе имате можност да се запознаете со основите на снимање, фотографирање и известување за сите проблеми што се дел од вашето или сечие секојдневие.
Со ваше понатамошно активно учество во проектот „Граѓански новинар“ станувате потенцијален добитник на една од петте интересни награди за граѓанско новинарство, кои ЦИВИЛ ги доделува секои два месеци.
Исто така, ЦИВИЛ е во постојана потрага по нови соработнички и соработници кои се прогресивни, креативни, активни и објективни луѓе за ангажман како дописници во медиумските проекти, но и за мониторинг на избори, мониторинг на состојбата на човековите права и слободи, истражувања и активизам.
Нема ограничувања по возраст, пол, стручна спрема, накратко – нема ограничувања по ниедна основа, а ни бројот на соработници не е ограничен. Трудот ќе биде платен врз основа на видлив резултат (на пример: објавен текстуален или видео извештај).
Објавените содржини од соработниците/известувачите, ќе биде хонориран со 1.000 денари бруто.
Пријавувањето за учество на работилницата може да се врши по електронска пошта ([email protected]) со испраќање основни податоци на кандидатите (име и презиме, година на раѓање, телефонски број, адреса на живеење/престој) и кратко мотивациско писмо до 24 јануари, среда, до 14 часот. За повеќе информации, кандидатите може да се јават на 02/5209076 и на 075/389699. Право на учество имаат само кандидати од Скопје.
ЦИВИЛ до сега додели 60 награди за граѓанско новинарство во изминатите две години.
Проектот „Граѓански објектив“ е проект за транспарентни и одговорни политички процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, подигнување на свеста, граѓанско образование и активизам на граѓаните за човекови права, слобода на изразување, демократија и слободни избори.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.
This post is also available in: English