Денеска младите штипјанки и штипјани се запознаа со улогата на граѓанското новинарство и неговото влијание не само во медиумската сфера, туку во донесувањето на одуки и промени на локално и национално ниво.
Веќе трета година проектот Граѓански објектив им овозможува на сите граѓанки и граѓани самостојно, со фотографија или видео запис, да известуваат и информираат за проблемите со кои с соочуваат во нивното секојдневие.
На двочасовната работилница, учесниците имаа многу примери што укажуваа на реалната состојба во Штип и на проблемите на граѓанките и граѓаните што допрва треба да се решаваат.
ЦИВИЛ продолжува и понатаму со теренските активности низ Македонија, повикувајќи ги медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествуваат во нив.
ЦИВИЛите се секогаш активни и на располагање за соработка и комуникација, затоа што: „Сите временски прилики се погодни за активизам“.