Пред училиштето Саид Најдени во Дебар, каде што се сместени Избирачките места од 534 до 538 е регистриран отворен притисок врз граѓаните и поткуп на гласачи.
Кога била известена полицијата и кога дошла на местото, наместо оние кои што вршат притисок, го привела човекот кој што го пријавил поткупот и притисокот.
Во Дебар се забележува зголемено полициско присуство, особено на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и на оклопни полициски возила.
ЦИВИЛ - Тим за комуникации