Починал полицаец откако воз удри во неговото возило

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот кај Хиподром во Скопје, известува анонимен граѓански новинар.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје изутинава во 5.50 минути удрил во возило „фолксваген венто“ сопственост на МВР. Воизлото го управувал А.Б. полициски службеник во Полициската станица Гази Баба кој починал на лице место.

Д.М.