Во рамките на Граѓанскиот форум за учество во креирање на владините политики, ЦИВИЛ одржа панел дискусија со професорката Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка, на темата национализам. Професорката Мирјана Најчевска зборуваше за национализмот од правен аспект, посочувајќи ги правата на индивидуата во однос на колективот, злоупотребата на политичките субјекти кон индивидуата во интерес на колективитетот, и перцепирањето на индивидуалното и колективното во нашето општество, додека професорката Виолета Петровска-Бешка го објасни психолошкиот аспек тнанационализмот во однос на идентитетите.
-Зошто психологијата вели дека човекот има потреба кога се гради како личност за да го сочува своето позитивно себе вреднување, да припаѓа на некаков колективитет или на некаква група. Значи како што секоја личност има таканаречена социјален идентитет кој произлегува од припадноста на групи или од улогата што ја игра, припаѓа на различни групи. Разликата е само припадноста на која група ќе ја смета за најбитна.
Да почнам уште еднаш од тоа дека јас национализмот ќе го поврзам со идентитетот, прашањата на идентитетот, и ќе пробам така да го објаснам она што ни се случува кога се работи за национализам. Значи уште еднаш, личноста има потреба да гради позитивна слика за себе,/ секоја здрава личност/ во градењето на таа слика и помага идентитетот. Идентитетот освен личен има и аспект на социјална компонента. Во тие социјални компоненти пак велам влегува припадноста на различните групи и ја дефинира припадноста.
На пример, имаме родов идентитет со кој е детерминирано тоа на кој род се припаѓа, имаме професионален идентитет, па имаме етнички идентитет, па имаме национален идентитет, па имаме религиски идентитет итн. Земајќи го тоа предвид, јас сум нели жена според мојот родов идентитет, сум психолог и професор според мојот професионален идентитет, сум Македонка според мојот етнички идентитет и сум државјанин на Република Северна Македонија според мојот национален идентитет и можам да редам уште многу ред други аспекти на мојот социјален идентитет. Потоа психологијата вели дека постои одредена динамика, нема фиксирани приоритети на таквите различни аспекти на социјален идентитет, туку кој ќе биде приоритетен во одреден момент зависи од интергрупниот и интерперсоналниот контекст во кој индивидуата или личноста опстојува.
Од што зависи да речеме, колку ќе припишеме важност на одреден аспект на тој социјален идентитет зависи од тоа колку на индивидуата и е битна идентификацијата, да се идентификува со групата на која и припаѓа, значи колку и е важно да припаѓа на таа група, колку мене ми е важно за тоа што сум психолог, или во поглед на професионалните идентитети, колку ми е важно тоа што сум жена, колку ми е важно мене што сум Македонка. Колку ми е важно да бидам идентификувана како припадник на таа група. Друго е детерминирано каков е мојот емотивен однос со групата, колку јас ќе се најдам погодена од тоа што мојата група е загрозена, загрозеноста може да биде објективна а може да биде и многу субјективна, може да биде само доживување на загрозеност без да има објективни показатели. И колку ја прифаќам идеологијата на групата, значи нејзините вредности нејзините цели. Затоа кај нас има поделба колку јас сакам да се прикажам себеси како патриот а колку ми е да речеме сеедно ако некој мене ме прогласува за предавник. Колку ми е многу важно да речеме ќе ме смета за голема Македонка или ќе ме смета за обична Македонка, мислам и тоа е многу битно за севкупниот мој идентитет, како јас ги доживувам работите.
Имајќи го предвид во фокусот на нашиот интерес денес како национализам е дискусијата треба да се однесува на два вида на идентитети , на нив да се концентрира. Едниот е таканаречен етнички идентитет, другиот е таканаречен национален идентитет. И тоа зависи дали идентитетот е во односот кон нацијата или е во односот кон сопствената етничка група. Сега националниот идентитет е поширок концепт од етничкиот идентитет затоа што бара да се надмине односот кон припадноста на сопствената етничка група и да се поврзе со нацијата како политичка категорија. Она што ние го гледаме во јавниот дискурс е дека не се прави разлика помеѓу тие два вида на идентитети, етнички и национален, многу често се злоупотребува поимот идентитет, и да речеме па етничкиот се смета исто како и за националниот кога зборуваме за национален идентитет ние всушност зборуваме за етнички идентитет главно не ја правиме разликата.
Исто така индивидуалниот идентитет за кој зборувам јас, многу често се занемарува во јавниот дискурс на сметка на колективниот идентитет, а тие би требало да бидат различни. Иако пак уште еднаш да кажам дека поединецот има потреба за да припаѓа на група и да се поистоветува со група само зависи која група му е најбитна во моментот. Значи ова да речеме е многу често во психологијата се смета како резултат на влијанието на нормите што ги определуваат нашите култури ,кога велам нашите култури мислам на културите на граѓаните на нашата земја, тие култури се дефинираат според некоја една многу битна поделба или многу влијателна поделба во психологијата на колективистички, значи нашите култури се колективистички во основа. Кога би биле индивидуалистички тие би биле ориентирани на индивидуалните потреби и би ја негувале индивидуалната одговорност на граѓаните, би ја ценеле независноста на индивидуата и индивидуалните постигања на луѓето, а бидејќи нашите култури не се такви туку се колективистички , поединците во овие култури се доживуваат како интегрирани во кохезивни групи, се заштитени од групата ама заштитата што ја уживаат од страна на групата е на сметка на неприкосновена лојалност која мора да прикажат кон групата. При тоа нели се цени таквата меѓузависност или она што популарноста ги нарекуваме врските помеѓу луѓето, значи да имаш врски е многу битно за да можеш да опстанеш и групните постигања се многу побитни од индивидуалните постигања.
Почнав да зборувам за два вида на националности кои се во последни години во социологијата, и психологијата прилично популарни и кој Најче на некој начин ги начна, а тоа е поделбата помеѓу етнички национализам и граѓански национализам, значи едниот е прилично деструктивен по социјалните односи, особено во мулти етнички средини а другиот е прилично продуктивен и за мулти етнички средини како што е нашето. Значи граѓанскиот национализам се гради врз основа на споделено државјанство во државата во која се живее и произлегува од припадноста на граѓански определена нација, во основа на граѓанскиот национализам е граѓанинот во основа на таквото гледање на нештата е граѓаниот кој гради индивидуален однос со државата, она што би сакала Најче да го види и заедно со сите други индивидуи кои живеат еднакви права во државата ја сочинуваат нацијата.
Тој граѓански национализам е определен од принципите на демократско владеење, значи мора да постојат принципи на демократско владеење и тие да бидат прифатени, подржани од страна на граѓаните и нацијата како таква е отворена за сите граѓани што ги споделуваат овие вредности, демократските вредности независно од нивната етничка припадност, од нивната религиска припадност не зависно од припадноста на било која група.
Дијана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа и фотографии: Билјана Јордановска