Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, во својата програма вклучува и тричасовен блок под наслов ГОВОРНИЦА, од 18 до 21 часот.
Овој програмски блок е замислен како отворена говорница на која секој што ќе се пријави на самото место или по покана на организацијата, ќе говори на темите: човекови права, граѓанско учество или, едноставно, да кажат некоја мисла поврзана со нивното искуство во или со ЦИВИЛ. Говорниците можат да изберат да говорат на една или на сите три теми.
Ова е отворен повик, со кој ЦИВИЛ ги повикува сите членови и поддржувачи на организацијата, учесници на семинарите и во проектите, набљудувачи и активисти од сите краишта на земјава. Поканети се и јавни личности, експерти, уметници, новинари и политичари да се обратат со говор од неколку минути. Пожелно е обраќањето да трае максимум 5 минути.
ЦИВИЛ Тим за комуникации