Радовиш може да се пофали со Дом за деца без родители по иницијатива и огромна желба на радовишанката Наталија Софија Гура да се помогне на оваа социјално ризична група.
Тргнувајќи од сопствената животна приказна како 13 годишно девојче што се нашло во ситуација да живее сама поради заминувањето на мајка ѝ на работа во Италија. Иако таа ја имала родителската грижа и љубов, сепак во тие критични моменти од животот на едно дете морала да научи сама да се грижи и да ги исполнува сите обврски.
Токму ваквото растење, како што вели самата, ја мотивирало уште во тие години, еден ден да отвори Дом за деца без родители на кои ќе им пружи родителска грижа и љубов.
Домот има капацитет за 8 деца, но засега таа се грижи само за едно 4 годишно детенце. Наталија поведена од сопственото искуство и емпатија се нафаќа многу млада и сама на еден храбар чекор, згрижувањето на деца без родители да го подигне на повисок степен и како што вели таа да создаде дом во кој сите деца што ќе ги вдоми ќе можат и кога ќе бидат возрасни да се вратат во домот кој заедно ќе го создадат.
„Детето веќе два месеци е во Домот. Од Битола ми го донесоа со неразвиен вокабулар за негова возраст. Сè уште носеше памперси... Детенцето веќе оди во градинка и во спортска универзална школа... “, вели Наталија.
Наталија поведена од сопственото искуство и емпатија се нафаќа многу млада и сама на еден храбар чекор, згрижувањето на деца без родители да го подигне на повисок степен и како што вели таа да создаде дом во кој сите деца кои ќе ги вдоми ќе можат и кога ќе бидат возрасни да се вратат во домот кој заедно ќе го создадат. Таа смета дека ние треба да бидеме промената што ја сакаме во општеството и дека треба да тргнеме од нас и нашите дела и постапки.
Има сметка за донација, има благородна идеја но за реализација потребна и е секако помош и поддршка од граѓаните и државата. Од Министерството за труд и социјална политика ветиле дека се планира промена на Законот за социјална помош во 2019 година ќе се отвори можност за да може Здружение на граѓани да функционира како Дом за деца без родители.
Наталија основно и средно образование завршила во Радовиш, а дипломирала на Економски универзитет во Краков, Полска, каде за време на своите студии подолг временски период волонтирала во граѓанска организација што работела со деца од социјален ризик. Од 2012 до 2018 година работи во Англија, претежно во Лондон, како негувател за парализирани лица со скршен р’бет. Додека живее и работи во Англија започнува со реализација на идејата за отворање на Домот и во период од мај 2014 година започнува со изградбата. Четири години го гради домот според стандардите што треба да ги исполнува еден згрижувачки Дом за деца без родители. Инвестициите за домот се од лични средства, како физичко лица и со финансиска помош на мајка ѝ.
Домот за деца „Емануел“ можете да го следите и на Фејсбук каде можат да се добијат сите информации за начинот на донирање и потребната материјална помош.
Симона Живкова
Монтажа: Биљана Јордановска