На едно избирачко место во Скопје, при броењето на гласовите е констатирано дека 13 од гласачките ливчиња се без печат, поради пропуст на избирачкиот одбор.
Вака почнува приказната на една набљудувачка на ЦИВИЛ.
„Потоа следуваа јавувања во Општинската изборна комисија, од која избирачкиот одбор побара мислење. Оттаму одговорија дека треба да се направи записник и ливчињата да се прогласат за неважечки“, вели набљудувачката на ЦИВИЛ.
Откако избирачкиот одбор започнал со пишување на записникот, добиле нов телефонски повик од ОИК во кој им е кажано дека по консултација со ДИК е одлучено 13те спорни ливчиња сепак да се прогласат за важечки доколку на нив е јасно изразена волјата на гласачите.
Случајот со ливчиња без печат не е изолиран само на ова избирачко место. На друго избирачко место комисијата била малку по досетлива, па се сетила дека не ставила печат на ливчето на гласачката која се наоѓала зад параванот. За да ја испочитуваат тајноста на гласањето, бидејќи гласачката веќе го заокружила ливчето и го дале печатот за таа самата да го стави на избирачкото ливче.
ЦИВИЛ Тим за комуникации