Презентација на медиумската платформа и можностите за учество и соработка во проектите на ЦИВИЛ, доделување награди за граѓанско новинарство и обука за граѓански новинари ќе се одржат во еден ист ден, петок, 23 февруари, во хотел Сити Парк. Се работи за уште еден ден преполн со проектни активности на ЦИВИЛ, со повеќе различни категории на учеснички и учесници.
ЦИВИЛ ќе одржи презентација на медиумската платформа со почеток во 12 часот, додека церемонијата за доделување на награди за граѓанско новинарство ќе се одржи во 13 часот. Медиумите заинтересирани за активностите на ЦИВИЛ се добредојдени во периодот од 13 до 14 часот.
Обуката за граѓанско новинарство ќе започне во 14 часот. На неа ќе се говори за модерните медиумски трендови, како и за практичните аспекти на граѓанското новинарство, кое придонесува кон транспарентни и одговорни политички процеси.
Паралелно со обуката за граѓанско новинарство, ќе се одржи работилница со соработниците и дописниците на ЦИВИЛ Медиа, како и со оние што претходно испратиле апликации за хонорарна соработка. На таа работилница ќе се претстават практични насоки за конкретна соработка со заинтересираните.
This post is also available in: English