На говор на омраза се возвраќа со говор на омраза

Хомофобичниот и трансфобичниот говор на омраза кој се појави во јавноста по емисијата “Моја Сторија” која се емитува на МРТВ. Фејсбук страната „Сајбер клуб лудата Јоци“, поттикнува говор на омраза. Со нивната објава, во којашто кои меѓу другото пишува: „Емисија за млади северџани. Важно Радиодифузна такса не плаќате. Геј пропаганда за беспари“…

„Сакам да можам да го сакам мојот дечко во јавноста без некој да ме нападне или осуди поради тоа“, вели еден тип во видео најавата за емисијата „Моја сторија“ која се емитува во вторник во 17:45 часот во МРТВ.

Ова објава има дваесетина споделувања и триесетина коментари кои се претежно со говор на омраза, навреди и пцовки.

Извесен Пеце Велјановски, во одбрана на ЛГБТИ лицата, им возвраќа на тие кои користат говорот на омраза кон ЛГБТИ заедницата, но неговите коментари исто така содржат говор на омраза. Еден од неговите коментари гласи:

„Абе сељак еден оди на нива играј си со козите, кога не знаеш да составиш една обична реченица. Да ти го е… синчето а ти да навиваш, циганско племе ти е…“

Говорот на омраза и дискриминацијата треба да се отстрани без разлика дали се работи за сексуална, етничка или верска припадност. На говорот на омраза не треба да се возврати со говор на омраза, бидејќи така само се размножува наместо да се намалува.

Д.М.