Моето гласачко право

„Моето гласачко право“ е публикација од истоимениот проект, чија цел е да послужи како прирачник и едукативен материјал кој треба да се сподели со што е можно поголем број граѓанки и граѓани. Во неа се објавени основни информации за гласачкото право и за изборниот процес во целина, како и други содржини кои се од суштинска важност да се разбере оваа материја.

Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.